Импресии – афтер парти

Врескаа во тишината, а јас се чуствував како да сум на најбезбедното место на светот. како да патував скриена под јорганот, во мојот кревет. Сите беа прекрасни, а ноќта наликуваше на сон од кој кога ќе се разбудиш, пак ги затвораш очите и сам ја продолжуваш приказната додека навистина не мора да се разбудиш. Ноќта […]

Запознавање

Зошто луѓето веќе не се запознаваат формално? Првите лекции по англиски речиси секогаш почнуваат вака: – Хелоу. Мај нејм из Ен Смит. – Хелоу. Мај нејм из Џон Грин. Хау ду ју ду? – Хау ду ју ду? Главните ликови во учебниците по англиски секогаш при запознавање се претставуваат со полно име и презиме. Надвор […]

Аудиција

Ми се чини цела вечност се подготвував за аудицијата. Внимателно избрав со што ќе се претставам. Потоа два часа ги пеглав алиштата, а чевлите цел половина час ги чистев и премачкував со нова, свежа боја. Сакав да изгледам беспрекорно. Си замислував колку ќе биде горд кога ќе ме видат сите, сигурно и ќе го потапкаат […]

Нова среќа

Ирина Паприкова со сета сила се затрча, ја заврте рачката на лево и ширум го отвори прозорот. Имаше среќа што не се лизна и падна, бидејќи пред точно три минути помина со џогерот натопен во Ајакс со мирис на пролетни цвеќиња. А, пред една недела кога така се затрча се сопна и падна среде булеварот […]