Катран

Реката истекуваше кон меѓуножјето на студените облакордери, не како валкана вода, туку како чист катран. Се потпиравме така со Кали на оградата од мостот и гледавме напред во катранот, размислувајќи на глас за рибите заглавени во него, обични комарци во килибар. Некаде од кај џамиите се тепаше некоја пустинска мелодија, топла и заканувачка истовремено, означувајќи […]

:: На авионот Борсел – Скопје ::

  Летавме низ Франција со госпоѓа Паштета и нејзината говедо од ќерка кога турбуленциите ни дадоа до знаење дека журката допрво почнуваше. Ќелавиот човек пред мене веднаш почна да се моли на некој негов англиски бог иако бев сигурен дека порано тој се молел и да си ја задржи косата, ама ете, ништо. Јас, од […]

Кломпарот и Начкрапникот!

Таму некаде во средина на 1990-те, Кломпарот беше редок карактер, можеби еден и единствен, така заглавен во топлото пештерче сред ГТЦ Скопјанка. Го викаа „повлечениот срцекршач од Аеродром“ и со причина: секое лице кое ќе му се најдеше на патот се заљубуваше во него и безусловно завршуваше со бессони насолзени ноќи длабоко во вечната скопска […]

Шуќур, Бамби е мртов

Не престанаа да цвичат ни кога мајка му на Боби се исфрли на балкон, брефтајќи, „Мали мочковци, ако моиве очи уште еднаш ве зграпчат во таа позиција, ни Бог ни Алах нема да ви ги спасат газињата.“ Беше приквечер и зимската темница се натрупуваше како стогови сено избањати во црно мастило. Само блескањето на неонки […]

Мореконци

Кога биле пацулчиња, мали ѓаволчиња, Мореконците по цели денови, барем така велат Крмаците, се беселе по дрвата сред центарот на градот. Ловеле гугутки за кога ќе ги фатат, да се испентарат над нечија клупа и потоа како од туба за темперна, да истискаат сочна бела какушка од испаничената птица право врз главите и рамениците на […]