Будење

Гранка од дрвото, тоа што расте во градината под мојата соба, во која често не можам да си ја најдам капата за сонце па престанувам да ја барам, во која скоро секогаш на масата, стои расфрлан куп хартии и еден стар фотоапарат кој татко ми го позајми од неговиот брат, кој, пак, го чуваше на […]

Писмо

Денеска гледав твои слики. Ти повеќе не личиш на себе… Колку си грд! Не, сериозно, ти си пародија на човек. Имаш премали очи свиснати надолу, дебели нозе и испакнат нос кој те прави многу сличен со дедо ти, тој што не сака да ме гледа како пијам пиво (да му се сневиди!)

— — —

Како се црта права линија? Ме праша едно дете кое чуваше змии во една голема сина кофа. Извадив пенкало ама немав хартија, па на раката му нацртав права линија но на погрешната страна – тој, сепак, не можеше да ја види.

— —

Крајот на денот бавно отчукува во десниот агол од мојата маса   Останува сé помалку белина на хартијата   Те видов на Yahoo по долго време…   Ме праша дали сакам да се видиме и трите следни минути бев наполно задоволна толку задоволна што го исклучив компјутерот и истрчав до езерото   Каде сум јас […]

НадРеализам

Две очи (едното потемно, едното бело) гледаат од еден цртеж на ѕидот Подолу нос и мустаќи наместо жици на една мала гитара.