Црната мачка

Се тегнев во кревет откако ме подразбудија сите можни варијанти на домашни тропања и се обидував да се убедам да ги отворам очите за почеток на новиот ден. Полека, полека, се осмелив да ги отворам кога видов мачка до мојот кревет која ме гледаше со дречливо зелени очи. Ја погалив па се потегнав уште малку. […]

Фотографии

Што би направиле доколку видите дека некој фрла туѓ живот на улица? А што доколку видите дека некој го фрла вашиот живот на улица? Чекам јас така на пешачки, да ја поминам Рузвелтова (која веќе многупати фигурирала во моите текстови), кога поминува запрежна кола пред мене, со постар човек што го боднуваше коњот и двајца […]

Два погреба и венчавка

„Наташка, разбуди се“ со мил глас ја будеше баба и’ Душка. „мммм… “ пром’мла таа рассонувајќи се. „Колку е саат?“ „Седум. Ќе одиме со дедо ти во Битола, еве ти го клучот од нашиот стан, дај и’ го после на мајка ти“ „… што ви текна сега да одите?“ „Умрела баба Митра, Бог-да-ја-прости“ „Добро бабо… […]

Чамец

Пловеше низ убавата ноќ, веслајќи со едно весло на едната, па на другата страна, вртејќи се наоколу во ритамот на рацете и длабоко вдишувајќи. Месечината беше колку третина од целото небо како и обично, а тој се враќаше со богатиот улов на ѕвезди. Внимателно си го паркира чамецот под дрвото, го заврза за да не […]

Приказни од Барселона – 1

* * * Со Словенците се запознавме претходниот ден и заедно одевме на железничка да се запознаеме со останатите. Таму веќе имаше неколку души, се запознавме и стоевме со куферите покрај нас. Организаторите не не’ рецкаа многу, броеја колку луѓе се дојдени, кој кога треба да стигне и во паника беа зашто никој не знаеше […]