Катран

Oдвратна глума (dbau)

Реката истекуваше кон меѓуножјето на студените облакордери, не како валкана вода, туку како чист катран. Се потпиравме така со Кали на оградата од мостот и гледавме напред во катранот, размислувајќи на глас за рибите заглавени во него, обични комарци во килибар. Некаде од кај џамиите се тепаше некоја пустинска мелодија, топла и заканувачка истовремено, означувајќи го абењето на времето, уште некој саат потрошен засекогаш. Кали посака виолина и тапани да пливаат вдолж мелодијата и полека од нечие радио плесна басот на пешадиската симфонија. Бев среќен и тажен. Среќен затоа што знаев дека нема да умрам сам, тажен затоа што Кали не беше Зеа.

Перспективи

Лево-десно [1]

лево-десно

лево-десно

лево-десно

лево-десно

лево-десно

лево-десно

лево-десно!

Ако си зашеметен,

не се грижи.

Сега ја имаш животната перспектива-

на еден шизофреничар.


[1] Оваа песна се чита исклучиво со брзи, отсечни движења на главата.

 

Големa желба

Не бегај (Wилена)

Градска улица. Густ сообраќај и гужва. Температурата е 35°С. Прав се лепи врз мојата пот. Случајно погледнувам кон планините. Останало едно бело парче со снег. Помислувам, колку би сакал, сега да сум таму и веќе сум на пат.

НАХРАНИ МЕ

Се гледаме низ темни стакла

јас и ти,

некои други луѓе се затворени во градот

барем се убедливи додека не глумат

доволно глупави, доволно паметни

без компромиси за трачерската смеа

нахрани ме…

 

бели автопати до црвенилото на ужасот

твојата кожа со боја на коњак

додека влегувам полека

претпазлив и сам во сликата за тебе

нахрани ме…

 

ги знам сите твои обични изговори

начинот на кој гласно молчиш

потполно сигурен во твоите зборови

треба само да ти верувам и ќе помине

како сонце после дожд

нахрани ме…

 

Концепт еден (zewlean)

потрага по зборовите на јазикот

кој одамна е исчезнат

јас и ти,

потрага по нови бои кои го голтаат

секој дел од нас

нешто како милување, нешто како гордост

нахрани ме…

 

мојата наивност го определува ритамот

на твоето срцебиење

твоите мисли ми го заебуваат мозокот

и крвта останува да ѕвони со денови

нахрани ме…

 

гладни зеници ја преминуваат

линијата на разумот

против себеси, против сите

грди зборови како нож

повторно во огнот

нахрани ме…

 

би сакал слободно да трчам

низ отворите на твојата градина, непречен од никого

а сосема свесен за твоето присуство,

би сакал да пијам од изворите на твојата злобна фонтана

колку да ги удавам своите стравови, колку да се исчистам

од валканостите на векот, повторно да се родам

просветлен, разбуден, заситен

нахрани ме…  

 

Увогнезд

 Смеам да си играм со лудило? (Златко Пармаковски)

Искреноста моја е темпераментна и жива, низ борба,

без мудрост,

таа трага по мирот.

 

Да бидам вредна,

а во тоа доследна,

не е доволно, без радост.

 

Сепак има искра, импулс и крик

дека ќе го преведам зборот ‘earnest’

на мајчиниот јазик.

Права воздржани НМП 2006-2007